Законот за јазици објавен со фуснота за Иванов

by fokus

Законот за употреба на јазиците во Службен весник е објавен со фуснота за претседателот, Ѓорге Иванов. Фусностата појаснува од кои причини Законот е објавен без потпис на претседателот.

Под Законот и под Указот за прогласување на Законот, во Службениот весник стои:

Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците се објавува без потпис на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов од следниве причини:

-Секој е должен да ги почитува Уставот и Законите (член 51, став 2 од Уставот на Република Македонија)

Како втора причина е наведена тоа што претседателот на државата, како што стои, е должен да го потпише законот, бидејќи на 14 март 2018 година и вторпат бил усвоен со мнозинство гласови од пратениците, според член 75, став 3 од Уставот.

Паѓа во очи и тоа што освен Џафери, под Указот е потпишан заменикот  на Генералниот секретар, наместо Генералниот секретар, Цветанка Иванова.

Последниот дел од фуснотата објаснува дека „поради неизвршување на горенаведените обврски од страна на Претседателот на Републиката“, а поради обврската од член 52 од Уставот, претседателот на Собранието е должен да го достави Законот за јазиците во Службен весник за негово објавување.

Поврзани новости