Го затвориле во станот кај што тетовирал и го претепале

by Fokus

Триесетгодишем скопјанец пријавил во полиција дека бил затворен и нападнат во неговиот стан, кој го користел како студио за тетовирање, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа еден час по полноќ, во Полициска станица Центар, Д.Ј.(30) од Скопје пријавил дека на 04.04.2018 година околу 20.30 часот во Скопје на улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ во стан кој се користел како студио за тетовирање, од страна на П.Р., извршено му е противправно лишување од слобода.  Имено, сторителот претходно се договорил со оштетениот да се најдат на наведената локација и откако Д.Ј. дошол на договореното место, П.Р. заедно со уште едно лице ја заклучиле вратата од станот и П.Р. физички го нападнал Д.Ј.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости