Русија: Нема да именуваме претставник во НАТО додека Алијансата не покаже сериозност

by fokus

Русија нема да именува свој постојан претставник во НАТО, освен и се додека не види дека Алијансата е подготвена за сериозна работа, изјави денеска директорот на одделот за европска соработка во руското Министерство за надворешни работи Андреј Келин.

– Оваа позиција ќе остане празна се додека не видиме вистинска подготвеност за сериозна работа од страна на НАТО, рече Келин.

Тој нагласи дека воено политичката ситуација во Европа продолжува да биде комплексна, и оти се неопходни мерки за олеснување на тензиите.

– Сепак не гледаме подготвеност за спроведување сериозен дијалог. Поради тоа со сигурност може да се каже дека нашата мисија не може да функционира во целост поради објективни околности, додаде тој.

Позицијата на постојан претставник на Русија во НАТО мисијата остана празна откако Александар Грушко, кој беше на таа функција е именуван за заменик министер за надворешни работи кон крајот на 2017 година.

Поврзани новости