422
Казино во Скопје вчера повторно било ограбено, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 06.15 часот во Скопје, во казино на улица „Ангел Динев“ во Скопје, Т.Б.(33) од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М., и се заканил и од касата одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон вработената, а 20.000 денари задржал за себе. Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, а лицето останало и вратата сама се заклучила. Т.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.