Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, вели Заев

by Fokus

Македонија и Бугарија повторно се враќаат на „патот на пријателството и добрососедството“ рече денеска поранешниот премиер Зоран Заев Кој присуствуваше на настан во Американскиот универзитет на Европа – ФОН на доделувањето титула почесен доктор на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

„ Стојам секогаш на располагање на помош на добрите односи како поранешен премиер. Неодамна имаше средба на премиерот Ковачевски со претседателот Румен Радев и со вашиот технички премиер, веќе работиме на економски проекти и на енергетската криза, како и на многу други активности. Верувам дека се враќаме на патиштата на пријателството, соработката и добрососедството, ние сме блиски народи, ние сме со иста заедничка перспектива и ние треба да обезбедиме нашите деца да може да соработуваат. Го сакам бугарскиот народ, како што си го сакам македонскиот, тука сум да помагам, затоа и се вратив во бизнисот и работам економија“, рече тој.

Заев запрашан за референдумот рече дека 75 отсто од граѓаните се против иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Никаде во светот нема некој да биде против пријателство и добрососедство,. Нашиот народ тоа нема да го поддржи“, одговори Заев.

С.Т.

Поврзани новости