487
Американецот Колин О’Брејди стана првиот човек кој го преминал Антарктикот сам, без никаква помош, пренесува Би-Би-Си.
Тој пат го изминал во период од 53 дена, и така го престигна капетанот на британската војска, Луј Рад.
За време на своето патување, О’Брејди ги објавуваше своите клучни моменти на социјалните мрежи.
„Многу сум изморен. Исцрпен сум, но секој ден напредувам“, рекол О’Брејди, кога со помош на сателитски телефон, на 20-ти декември се јавил на своето семејство и пријателите.