381
Дваесет и седумгодишен скопјанец бил нападнат бидејќи му рекол на шоферот на возилото дека треба да плати за паркинг, информнираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Р. (27) од Скопје пријавил дека на 06.05.2018 околу 23.00 часот на паркинг простор кај Трговскиот центар „Мавровка“, на бул. „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од лицето Ф.А., кој бил со возило. Тој го удирал со тупаници во пределот на лицето и со метален предмет во задниот дел од главата, при што му нанел повреди. Причина за физичкиот напад било тоа што пријавителот, кој бил вработен на паркингот, му рекол дека треба да плати. Тогаш Ф.А. излегол од возилото и го нападнал.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.