498
73-годишен жител на Скопје бил прегазен од автомобил на ул. „Борис Сарафов“, а управувачот на автомобилот избегал по несреќата, пренесуваат од МВР.
„На 29.08.2018 година околу 08,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица “Борис Сарафов“ патничко моторно возило “Рено Твинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од З.Б.(77) од Скопје удрилo во пешак Д.П.(73) од Скопје кој по незгодата со возилото го напуштил местото на настанот. Д.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.