Харадинај: Се договоривме во Брисел да не се разговара за размена на територии со Србија

by fokus 11:33
11:33

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по сребата на државниот врв на Косово што се одржа утрово во косовското Собрание, им изјави на новинарите дека е постигнат договор во Брисел да не се расправа за размена на територии меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На ненајавениот состанок се собраа членовите на делегацијата која пред неколку недели оствари официјална посета на Брисел, во состав Харадинај, претседателот на Косово Хашим Тачи, собранискиот спикер Кадри Весели и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Дардан Гаши.

- Advertisements -

Поврзани новости