Го нападнал физички, па го скршил стаклото од возилото во кое избегал

by fokus

Вчера околу 17:30 часот било пријавено дека во с.Побожје, скопско, непознато лице физички го нападнало лицето Д.Н. (40) од с.Брњарци.

Тој успеал да му побегне со возило во кое биле и неговите другари. Во моментот кога тргнале со возилото, сторителот со камен го скршило ветробранското стакло од возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Поврзани новости