Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Х.(23) и Н.Х. (22), и двајцата од село Градец-гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”.
Според полицијата, на 18.03.2018 година околу 14,20 часот во село Сенокос-гостиварско во обложувалница лоцирана во куќата на Р.К. (49), по вербална расправија помеѓу пријавените и Р.К, првопријавениот, го испрскал со спреј Р.К. по што со метален боксирач, физички го нападнал. По ова, М.А.(19) и А.М.(23), двајцата од село Градец, кои биле присутни обложувалницата, се обиделе да ги спречат пријавените во нападот, а пријавените и нив физички ги нападнале и им нанеле телесни повреди, додека Р.К. бил префлен во медицинскиот центар во Гостивар, каде по укажувањето на лекарска помош.