ВИДЕО Мицкоски: Камионите на Вице Заев, братот на премиерот возат за РЕК Битола

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција обелодени дека камионите на братот на премиерот Зоран Заев, Вице возат за РЕК Битола.

„Македонија се бори со криминален кнцер. Денеска ќе презентирам случај каде има сомнежи за криминал, а се вмешани луѓе од власта. Обвинителството треба да провери дали компанијата СВ ИНВЕСТ е ангажирана за подизведувач во градежните работи на РЕК Битола и добива огромен бизнис во четири очи – истакна Мицкоски.

Тој додава дека фирмата врши пренос на јаглен и дека камионите имаат јасна ознака на оваа фирма, но се со струмички регистерски таблички.

„Сопственик на овие камиони не е компанијата „СВ Инвест“, туку компанијата ДГИ тотал инжинеринг Струмица каде управител и сопственик е лицето Вице Заев брат на премиерот Зоран Заев.  Имено, во одреден временски период, на почетокот на оваа година, Обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев врши услуга чиј краен корисник е државна компанија и зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија, обелодени Мицкоски.

Поврзани новости