Заев отвора можност за промена на Уставот за името при влегувањето во ЕУ?

by fokus

Премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ одговарајќи на новинарско прашање негираше дека остава простор за дополнителни преговори со можност за промена на Уставот со цел промена на уставното име, но додаде дека пред влезот во Европската унија, Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот.

-Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја членка, која пред влегувањето во ЕУ го прави тоа и дел од својот суверенитет го предава на Унијата. Ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност. Јас сум човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решение, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение, рече Заев.

Тој додаде дека од тој аспект на крајот се работи за одлуки на институциите и не се работи за одлука на Заев и Димитров или одлука на Ципрас и Коѕијас.

-Веројатно сум ги кажувал можните варијанти на она што е можно да се случува во иднина се со конечна желба да се најде решение, но притоа да се одржи достоинството и идентитетот да се сочува, рече Заев.

Поврзани новости