Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на официјалната прес – конференција пред утрешниот натпревар против Израел објави дека тимот ќе се обиде да постигне позитивен резултат во Бер Шева и покрај одредени проблеми со кои се соочува во однос на составот.
– Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав. Капитенот Пандев поради хематом на слабината е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи, изјави селекторот Ангеловски.
Дуелот е на програмата утре од 20:45 часот