Главната сестра на Инфективната клиника, Габриела Темелковска која ја прими вакцината на Фајзер, верува дека после денешниот ден ќе се намалува бројот на заразени.
-Чувствувам олеснување. Вакцините се безбедни. Верувам после ова дека конечно ќе почне да се намалува бројот на заразените, истакна Темелковска.
Таа заедно со Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид 19.
Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
Се користат вакцините донирани од Србија на компанијата „Фајзер“.
Денеска се очекува да ја примат првата доза 260 здравствени работници.
Ј.Ц.