Гинеколог осомничен за смрт на родилка

by fokus

Гинеколог од болницата во Прилеп е осомничен за смртта на 21-годишна родилка, која пред шест месеци починала при породување.

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против  Г.О. лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески” Прилеп, под сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против здравјето на луѓето.

Според обвинението, осомничениот не презел соодветни дејствија и навремено не интервенирал при породувањето и во периодот по породувањето. Како резултат на тоа здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува заради големото губење на крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој не бил успешен и не можело да се спречи понатамошното крвавење.

И покрај сите преземени дејствија, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок настанат заради обилното крвавење.

Поврзани новости