Државата најголем должник на приватните компании

by fokus

Приватните компании тешко добиваат пари од државата за завршената работа, а со тоа дополнително заглавуваат во меѓусебни долгови.

Ова го покажува последното истражување на Стопанската комора на Македонија, каде над 40 отсто од фирмите-членки се пожалиле дека не можат да си ги наплатат побарувањата.

-Се јавуваат и случаи кога компаниите се принудени да земаат нови кредити за да ги намируваат своите потреби и обврски во работењето, бидејќи навремено не успеваат да ги наплатат побарувањата за услуги кои веќе ги реализирале кон клиентите со кои соработувале. На овој начин компаниите генерираат дополнителни трошоци и загуби, со што значително се нарушува нивната тековна ликвидност – вели Пеева-Ѓуриќ од Стопанската комора.

Освен тоа, компаниите редовно имаат проблем со повратот на ДДВ-то кое доцни од еден до три месеци.

Стопанската комора на Македонија бара итни измени на Законот за извршување чија примена е одложена до јануари 2017 година за да останат ликвидни. Според Комората, со измените треба да се овозможи компаниите да ги наплатуваат побарувањата од слободната парична маса, односно од сметки на јавните претпријатија и институции.

Поврзани новости