367
Триесет и шестгодишен прилепчанец измамил неколку сограѓани дека ќе им обезбеди визи за Канада за сума од 2.000 до 3.000 евра, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д. М. (36) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2017 година пријавениот посредувал за издавање визи за работа во Канада со одреден аванс, а за извршената услуга требало да му исплатат, по завршувањето на постапката за апликација за виза, од 2.000 до 3.000 евра. Со ваквите активности биле оштетни повеќе лица.