Ексградоначалникот на Прилеп осомничен дека наместил тендер од 1,2 милиони евра за зимско одржување на улиците

by Fokus

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, е осомничен дека наместил тендер за зимско одржување на улиците во вредност од 77.031.890 денари или над 1,2 милион евра, информира МВР. Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Освен него, кривична пријава за истото дело е поднесена и против И.К. (63), Љ.М. (58), И.Ч. (67), Б.Н. (54)  и правното лице „Пела Транс“ ДООЕЛ, село Мажучиште, прилепско за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство.

Според пријавата, Ристески му овозможил на пријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист од 77.031.890 денари, средства од буџетот на општина Прилеп. Тој создал услови правното лице да биде единствен понудувач и воедно избрана фирма за најповолен понудувач на постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територијата на општината. Пријавената фирма не можела да учествува во постапките за јавни набавки поради неплатени обврски за даноци. Во тој период фирмата се наоѓала на листата на должници од УЈП, и тоа уште во билансот на состојба од 2011 година, кога за таа година бил наведен долг од преку 7.000.000 денари.

Поврзани новости