Скопјанец му ги скршил наочарите на келнерот, а потоа го кршел инвентарот и прозорците во ресторанот

by Fokus 15:30
15:30

Дваесет и петгодишен скопјанец демолирал во хотел во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Б. (25) од село Сарај-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.12.2017 година околу 21,30 часот во Скопје на ул.”32” во хотел, откако пријавениот му ги зел и скршил наочарите на келнерот во ресторанот, почнал да го крши инвентарот и прозорците од ресторанот, а потоа го напуштил хотелот.

Поврзани новости