442
Двајца работници кои вршеле градежни работи во близина на автобуската кај ХЕЦ „Матка“ вчера околу 14:30 часот биле нападнати од две непознати лица кои биле со автомобил „Голф 5“.
Работниците И.М. (24) и Ш.Н. (33) им кажале на лицата во возилото да почекаат малку да завршат со работа па да поминат со возилото, но тие излегле од возилото и физички ги нападнале.
Повредените работници биле префрлени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Кај И.М. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, а Ш.Н. бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.