Министерство за транспорт и врски се оградува од чочекот

by fokus 11:17
11:17

Министерството за транспорт и врски се оградува од активностите на автопатот Демир Капија-Смоквица каде по повод пуштањето во употреба вчера беше организирана веселба со жива музика и чочек. Од Министерството велат дека не се организатори на овој настан.

„Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации. Исто така сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, велат од Министерството на Горан Сугаревски.

Во однос на сите други информации, од таму ги упатуваат медиумите да се обратат до Изведувачот на проектот.

„Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила. Министерството за транспорт и врски е одговорна и транспрантна институција, која единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности“, подвлекуваат од таму.

Поврзани новости