443
Вчера околу 20,30 часот, во дворот на свињарска фарма на регионалниот пат Велес-Штип, 25-годишниот Ж.Л, по претходна вербална расправија, со нож физички го нападнал 27-годишниот М.Д., нанесувајќи му нанел телесни повреди во пределот на главата.
„Притоа П.Ч.(55) и Б.Ч.(31), го спречиле Ж.Л. да продолжи со нападот, по што истиот со секира им упатувал закани по животот“, стои во билтенот на МВР.
По преземени мерки, полицијата го привела напаѓачот, додека повредениот бил пренесен во Медицински центар Велес, од каде бил пуштен на домашно лекување.