Автомобил прегази две полни линии и удри во моторџија кај Католичка црква

by Fokus

Повреден е моторџија во сообраќајна несреќа која се случи денеска попладнево меѓу автомобил и мотор на булеварот Метрополот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичка црква. По сообраќајката моторџијата е пренесен во Клинички центар каде му е укажана лекарска помош.

Според очевидци до судирот дошло откако возачот на автомобилот се обидел да влезе во спротивната лента и на тој начин прегазил две полни линии.

Фото: Фактор

Поврзани новости