Заев: Каевски не е должен да чита, јас како градоначалник не ги читав сите книги што ги финансирав

by fokus

Директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, во врска со скандалот со објавената збирка поезија „Млади поети“.

-Директорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети. Тој навистина не е должен да чита се што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финанисирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично – изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го разреши Каевски.

Тој рече дека денеска ќе имам состанок со Каевски за да ги дознае сите детали.

-Од тој аспект заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам. Осудувам ваков вид на дискриминација на погани зборови коишто се испратени во јавноста. Институциите мораат да бидат внимателни. Во мал дел од институциите е променета структурата. Функционираат стари комисии, раководителите на секторите и на одделенијата се стари, законите се бетонирани, не можете да поместите раководител без негов исказ. Тоа е тој што меѓудругото ги креира политиките внатре. Зборувам за сите институции така што веднаш не треба да се бара одговорност, ако во суштина и во детали не постои таквата одговорност – рече Заев.

Поврзани новости