459
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Д.К. (30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според полцицијата, Д.К., во периодот од јуни до септември 2017 година преку социјалната мрежа „Facebook“ објавил дека неговата фирма “ОР Герма“ обезбедува и регулира документација за добивање работна виза за Сојузна Република Германија, за што С.Л. (29) од село Чегране, гостиварско, на трансакциската сметка на пријавениот уплатил 46.500 денари, додека Ш.Р. (38) од Гостивар уплатил 22.660 денари. Откако пријавениот ги подигнал паричните средства, ги прекинал сите контакти со лицата.