Панорамското до сега лапна 10 милиони евра

by fokus

Изградбата на панорамското тркало требаше да чини 18,5 милиони евра. Ниту допола не е изградено, а веќе се потрошени повеќе од половина, или 10 милиони евра.

Со овие средства е поставена само конструкцијата каде што треба да се издигне пешачкиот мост, а над него беше предвидено да се постави тркалото. Од Град Скопје велат дека среќа во несреќа е тоа што тркалото не е се уште порачано, со што објектот, чија изградба е стопирана, повеќе нема да го цеди буџетот.

-Само тркалото требаше да чини околу 5 милиони евра. Но и без тоа ова ќе биде најскапиот пешачки мост во историјата – вели градоначалникот Петре Шилегов.

Согласно изборната програма на Шилегов, од планираниот објект ќе остане само пешачки мост. Но можно да има потреба од издвојување на нови средства за негово довршување.

Изградбата на објектот беше финансирана преку Јавното сообраќајно претпријатие. ЈСП, пак, ги добиваше парите преку донации од Агенцијата за електронски комуникации.

М.В.

Поврзани новости