Уставен едногласно ја отфрли иницијативата на Светскиот македонски конгрес за членство во НАТО

by fokus

Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за укинување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северноатлантската договорна организација – НАТО, од 23 декември 1993 година донесена од Собранието на Република Македонија.

Од СМК сметаат дека Собранието на РМ на седницата одржана на 23 декември 1993 година донело Одлука за стапување на Република Македонија во членство во НАТО врз основа на членот 121, а не врз основа на членот 120 од Уставот, со што е извршена груба повреда на уставните одредби.

Од Судот, пак, велат дека оваа Одлука е донесена во постапка каква што треба и не е уставно проблематична, и поради тоа останува во правниот поредок.

Поврзани новости