Албанија е неутрална меѓу Македонија и Бугарија

by fokus

Албанија не зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, рече албанскиот премиер Еди Рама на средбата со бугарскиот колега Стефан Јанев.

-Се надеваме и ги поддржуваме двете земји – Република Северна Македонија и Бугарија да разговараат и да го решат меѓусебниот проблем. Се разбира, ЕУ прави големи напори, но тоа зависи од Бугарите и Македонците. Не можам да заземам страна, за да не се усложнат уште повеќе работи – изјави Рама.

Според него, соработката меѓу Албанија и Бугарија нема никакви проблеми.

-Ние ќе ги почитуваме сите пријателски земји, Бугарија и Република Северна Македонија треба да ги решат проблемите. Другите не можат да го заменат она што двете земји треба да го направат. Бугарија како членка на ЕУ е зрела – изјави Рама.

Јанев, пак, истакнал дека билатералните прашања не треба да се решаваат на меѓународно ниво.

-Рамковниот став за Република Северна Македонија е оној што Софија го брани. Проблемите со Македонија може да се решат само на билатерална основа без мешање – рекол тој.

Поврзани новости