СДСМ најави трибини и маалски средби

by fokus

Теренска и штабска работа, постапки за кандидирање за советници и самокандидирање за градоначалници, како и овластување за лидерот на партијата да ги продолжи разговорите со сите партии зa евентуални изборни коалицирања, се точките за кои се разговарало на состанoкот на Централниот одбор на СДСМ.

-Од 10 јуни и во текот на јули ќе одржиме околу 250 маалски и урбани средби со претставници на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде ширум државата, дополнителни 750 средби на локално ниво, 15 трибини, а продолжуваме и во втората половина на август. Преку средбите со граѓаните ќе дадеме отчет за сработеното на локално ниво, но и на централно ниво во секоја општина, да ги прашаме граѓаните од што се задоволни, што да се промени и да се стави акцент – рече генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, кој е избран и за шеф на републичкиот изборен штаб.

Инаку, караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина“ започнува во петок, на 11 јуни, од главниот град, Скопје. Исто така, во партијата започнува внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници. Во критериумите кои ги одредил вечерва ЦО: кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината.

Поврзани новости