Собрание: Не поминаа измените во Законот за игри на среќа

by Fokus

Законот за игри на среќа вчера доби поддршка од 51 глас со што не се исполнети условите за негово усвојување во Собранието.

„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас „за“, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас „за“, со што не се исполнети условите Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, соопшти Собранието.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ подолго време предупредуваа дека ако се донесе овој Закон ќе стави клуч на вратите на обложувалниците и дека ќе остави 10.000 луѓе на улица, а во буџетот ќе скуси прилив од повеќе од 280 милиони евра годишно.

Поврзани новости