Земјотресот во Мексико однесе 61 живот и сруши стотици згради

by fokus

Билансот на починати во земјотресот со магнитуда од 8,1 степен кој го погоди Мексико се искачи на 61 човек. Во потресот се срушија згради, институции, хотели, цркви и други објекти, а предизвика и масовна евакуација во сиромашните делови на сојузните држави Оахака и Чиапас.

Стотици луѓе се уште се наоѓаат под рушевите поради што се очекува бројот на починати да се зголеми.

Мексиканските власти објавија дека се работи за разорен земјотрес, посилен од тој што ја погоди оваа земја во 1985-та година, во кој загинаа илјадници луѓе. Но првите извештаи од терен говорат дека овој пат штетата и бројот на жртви ќе бидат во помал обем.

Силниот потрес го осетиле дури 50 милиони луѓе. Епицентарот се наоѓа на 70 километри од јужната обала, а приметени се бранови во висина од еден метар, поради што се вклучи алармот од појава на цунами. Во текот на ноќта властите го укинаа ова предупредување.

Мексико е на место каде се допираат пет тектонски плочи и поради тоа тлото има силна сеизмичка активност.

Поврзани новости