Флорида во евакуација поради налетот на Ирма, властите повикуваат: „Тргнете и се од патот“

by fokus

Околу 5,6 милиони луѓе се под евакуација во Флорида во пресрет на ураганот Ирма кој се очекува утре да ја погоди оваа држава. Ова е најголемата евакуација до сега во Соединетите американски државаи.

Гувернерот на Флорида Рик Скот веќе неколку дена ги повикува жителите на државата, особено оние кои живеат во крајбрежните региони да ги напуштат своите домови. Оние кои се уште останале, рече дека ќе мора сами да се снаоѓаат.

– Тоа е бура, која може да ве убие, затоа тргнете и се од патот, изјави портпаролот на Националниот центар за урагани на САД.

На автопатите се забележуваат колони со возила на луѓе кои бегаат од налетот на ураганот.

Инаку, Ирма повторно се зајакна до бура од петти степен и го погоди крајбрежјето на Куба, а беше проследен со ветрови со максимална брзина од 260 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Најголема штета е предизвикана на Барбуда и Сент Мартин каде се уништени 90 отсто од зградите.

Ирма е на околу 485 километри од Мајами и се движи на запад со околу 20 километри на час.  Две нуклеарни централи во Флорида ќе бидат затворени поради Ирма. Компанијата оператор „Флорида пауер енд лајт“ соопшти дека ќе ги затвори централите „Тарки поинт“ и „Сент Луси“ пред ураганот да стигне на копното.

Ирма ги погоди Куба и Бахамите, како и источниот дел на Карипскиот регион, нанесувајќи катастрофални штети. Биланост на жртвите изнесува 21, но постои можност тој да се зголемува.

Во исто време беснеат два урагани на мексиканското крајбрежје и во Атланскиот океан.

Ураганот Катја допре до градот Теколутла во Мексико. Бурата е од прва категорија и е проследена со ветрови од 120 километри на час. Метеоролозите очекуват во следните 24 часа намалување на моќта на Катја.

Во Атлантскиот Океан ураганот Хосе се зајакна речиси до бура од петта категорија со ветрови со брзина од 250 километри на час. Хосе и е на 430 километри источно од северните острови Лијворд

 

Поврзани новости