Германско МНР: Нема услови за фер избори во Македонија

by Фокус 15:07
15:07

И Германското Министерство за надворешни работи оцени дека во Македонија нема услови за избори според европски стандарди.

„Одговорноста да ги донесе потребните заклучоци од моменталната состојба на изборните подготовки лежи кај потписниците на спогодбата од Пржино. Сојузната Влада ги повикува засегнатите партии да вложат напор, конструктивно и со потребната политичка волја да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред во правец на европската интеграција. Тоа важи, пред се, за владејачката партија ВМРО, која не смее да се огради од сознанието дека изборите ќе и помогнат на земјата единствено ако претходно се создадат предуслови за нивно фер спроведување, согласно европските стандарди“, се наведува во соопштението од германското Министерство за надворешни работи.

- Advertisements -

Поврзани новости