ДУИ потегнува иницијатива за одложување на изборите

by Фокус

Пратеникот на ДУИ, Рафис Алити, до собранието поднесува иницијатива за повлекување на донесената одлука за самораспуштање на парламентот, кој со одложено дејство треба се распушти вечер по полноќ, 60 дена пред избори на 24 април.

– Сите парлементарни партии и независни пратеници треба да гласаат за поништување на Одлуката за распуштање на Парламентот. Парламентот треба да продолжи да работи додека не се обезбедат услови за фер, кредибилни и демократски избори – вели Алити.

Досега, оваа иницијатива ја поддржале 18 пратеници од ДУИ, но пторебни се плус уште двајца за да се постави на гласање, за чие усвојување, пак, потребни се гласовите од 62 пратеника.

Пратеникот Артан Груби, пак, кој е шеф на кабинет на партискиот лидер Али Ахмети, не неговиот фејсбук профил напиша дека „интегративците“ се целосно посветени и прават максимални напори за да најдат решение на кризата, со цел Македонија да продолжи да се движи во правилна насока.

„Денес е ден за да покажеме лидерство и да донесеме одлука во интерес на нашите граѓани а не нашите партии“, напиша тој.

Поврзани новости