865
Формулата на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, според која историјата треба да им се остави на историчарите, останува валидна”, одговараат од германското министерство за надворешни работи за Дојче Веле, коментирајќи го бугарскиот меморандум.
Одговорот е всушност упатување на интервју на директорката на одделението за Западен Балкан во германското МНР, Сузане Шулц за Балкан Инсајт од август годинава.
-Обете земји треба да ги решаваат отворените прашања во рамките на билатералниот договор, односно во комисијата на историчарите“, вели Шулц.
Таа очекува дека претстојното ко-претседателство на двете земји со Берлинскиот процес ќе биде уште една можност да се надминат билатералните недоразбирања.