Османи: Верувајте, нема да дозволам сопки и емоции на патот кон ЕУ

by Фокус

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Телма изјави дека дискутабилните прашања со Бугарија не може да се решат со преговарачката рамка, туку преку Договорот за пријателство и добрососедство.

-Нашата должност е преку секојдневните комуникации да ги осознаеме информациите, особено оние кои се однесуваат на нас. Целта на Договорот беше токму тоа да се воведе ред во овој хаос на комуницирање, кој беше во изминатите децении во однос на разликите меѓу двете земји, да се воведе рамка со која ќе се создадат две траектории, кои досега беа вкрстени и негативно влијаеа една на друга – појасни Османи.

Според него, ова прашање треба да биде дел од домашното политичко шоу.

-Не смееме да дозволиме да се „киднапира“ овој процес. Нема да дозволам сопки и емоции да влијаат на патот на С. Македонија кон ЕУ. Верувајте во тоа – порача Османи.

Поврзани новости