Германските медиуми објавија фотографии и видео од местото каде загина Шаулиќ

by Фокус

Германските медиуми објавија фотографии и видео од местото каде утрово загина познатиот српски фолк-пејач Шабан Шаулиќ.

Еден од нив е Весфален Блат, кој објави фотографии и видео како припадници на германската полиција, пожарна служба и брза помош го обработуваат и расчистуваат теренот.

Како што е познато, Шаулиќ го загуби животот на автопатот Билефилд-Дортмунд, откако во неговото возило удри автомобил од задната страна, управувано од пијан возач, кој немал возачка дозвола.

Поврзани новости