И Бугарија предупредува за можен терористички напад на ИСИС во Македонија

by Фокус

И Министерството за надворешни на Бугарија издаде предупредување од можни терористички напади во Македонија. Во известувањето објавено на својата интернет страницата, бугарското МНР се повикува на информациите од македонската полиција за спречен терористички напад и пренесува дел од предупредувањето на Амбасадата на САД, според кое постои зголемен ризик од терористички акт организиран од радикалните структури на Исламска држава.

„По тој повод, Министерството за надворешни работи на Бугарија, им препорачува на своите граѓани при посета на Република Северна Македонија во следните денови, да се информираат за зголемениот ризик од терористички напади“, се вели во известувањето на бугарското МНР.

Од македонското МВР ниту денеска не откриваат детали од акцијата преку која, како што велат, спречиле напад на ИСИС.

Поврзани новости