Германскиот министер за здравство вакцинираше две деца против ковид

by Fokus

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах лично вакцинираше две деца за време на посетата на центарот за вакцинација во Хановер, јави телевизијата Велт.

Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација.

Лаутербах го посети центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер, каде група деца на таа возраст дојдоа на вакцинација. Министерот лично вакцинираше две деца.

– Сметам дека е потресно и впачатливо колку деца настрадаа за време на пандемијата. А најмалку што можеме да дадеме за возврат е да им обезбедиме на децата вакцини, рече Лаутербах додека го даваше лекот на дете.

Социјалдемократот Лаутербах стана министер за здравство на 8 декември. По професија е доктор и епидемиолог. Од почетокот на пандемијата, тој стана еден од најдобрите јавни експерти на тема корона вирус.

Поврзани новости