Германскиот амбасадор за Бугарија: Би било грешка успехот да се уништи со политизација на историски прашања

by Frosina Fakova

Постигнувањето согласност на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија требаше да се случи одамна. Тоа е во интерес на ЕУ како целина, но особено во интерес на соседните држави на ЕУ во регионот. Би било сега грешка овој успех да се уништи со политизација на историските дадености. За историските прашања мора да се разговара, може и контроверзно да се дискутира за нив. Но, тие не им припаѓаат на политичките процеси кои ги решаваат проблемите на сегашноста и мора одговорно да се насочени кон иднината.

Ова во интервју за МИА го вели германскиот амбасадор Томас Герберих запрашан за оценките на дел од јавноста во земјава дека најавените бугарски барања во делот на историјата и јазикот се вовед во ново вето за Скопје во процесот на евроинтеграцијата.

Поврзани новости