16-годишен мигрант прегазен на пруга кај Демир Капија

by Фокус

Шеснаесетгодишно момче од Авганистан вчера околу 22 часот било удерено од воз на пругата во близина на Демир Капија. Со тешки телесни повреди момчето било донесено на клиниката во Скопје, кадешто поради тежината на задобиените повреди починало.

Пред еден месец, 14 мигранти беа прегазени на пругата кај Велес додека седеле на шините и не го забележале возот. Во последните две години на пругите во Македонија загинале 27 лица.

Поврзани новости