Германската министерка: Испраќање српски сили на Косово е целосно неприфатливо

by fokus

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок   оцени дека испраќањето српски сили на Косово како и последните напади врз припадниците на мисијата ЕУЛЕКС на Косово се „целосно неприфатливи“.

„Косово со одложувањето на локалните избори ги намали тензиите. Неодамнешната реторика од Србија го направи спротивното. Предлогот за испраќање српски сили на Косово е целосно неприфатлив. Како и последните напади врз ЕУЛЕКС. Целата моја поддршка оди на дијалогот што го води ЕУ“, напиша Бербок на Твитер.

Бербок ја изрази својата поддршка за дијалогот предводен од ЕУ, предводен од специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Според неа, Приштина со одложувањето на локалните избори ги смирила тензиите, додека Белград го прави спротивното со „неодамнешна реторика“.

Поврзани новости