Германска амбасада: Рот апелираше да се разграничат ЕУ-темите од билатералните прашања

by Фокус

Државниот министер на Германија за Европа, Михаел Рот, денес апелираше до сите страни јасно да се разграничат ЕУ-темите од билатералните прашања, како и да се работи кон постигнување на прагматични решенија, појаснуваат од германската амбасада во земјава, со цел, како што велат, прецизно интерпретирање на неговите зборови.

„Исто така, германското претседавање со Советот е подговтено, евентуално и во содејство со Европската Комисија, во даден момент да се ангажира и дополнително за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да може да се одржи уште пред крајот на оваа година. Наоѓање решение до крајот на годината, со германското претседавање во Советот, е приоритет за Германија, според државниот министер за Европа Рот“, велат од германската амбасада.

Поврзани новости