Османи: Денес се пропушти шансата, но има уште една во декември

by Фокус

Денеска се пропушти шансата за усогласување на преговарачката рамка, следната е на состанокот на Советот за општи работи во декември, никако не можеме да се откажеме, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи по бугарското вето.

Разговорите продолжуваат уште од денеска со цел да најдеме начин  да ги надминеме овие разлики во рамки  на позициите што ги има и ги прокламира државата.  За нас е важно да има меѓувладина конференција во декември, за да се исполнат предусловите имаме две можности. Едната е усогласување на рамката во ноември, втората е усогласување на рамката во декември, бидејќи има два совета за општи работи – едниот во ноември, едниот во декември. За жал, денеска се пропушти таа можност да се потврди европската приказна не само на државата, туку на целиот регион и мислам дека ова значително ќе влијае на кредибилитетот на ЕУ – изјави Османи.

Како што вели тој, Бугарија треба да даде согласност не само за првата меѓувладина конференција, туку уште 130 пати во текот на преговорите се до полноправно членство.

– Општеството мора  да навикне на тежината на процесот. Ние работиме овие три години за да стигнеме до можноста за одржување на меѓувладината кокнференција. И тоа ние сме свесни бидејќи бевме сведоци на тежината на тој процес, но никако не можеме да се откажеме, ние немаме алтернатива. Затоа ние продолжуваме уште од денеска, да ,пропуштена е едната шанса денеска, меѓутоа ја имаме втората шанса на 9 декември кога е Советот, бидејќи се уште има простор дококу има усогласување на рамката да има меѓувладина кокнференција  во декември, што е за нас исклучително важно – истакна Османи.

Поврзани новости