Германка загина, двајца малолетници се повредени во сообраќајка на автопатот Неготино-Демир Капија

by fokus

Германка загина во сообраќајка што се случи денеска околу 11 часот на автопатот Неготино-Демир Капија.

– М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на место починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.

Поврзани новости