Германија: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји-членки

by fokus

Иако е извесно дека ЕУ денеска нема да даде зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија, Германија, како актуелен претседавач со Унијата, сепак ја стави на дневен ред и дискусијата за проширувањето. Седницата на Советот за општи работи на ЕУ (министри за надворешни работи и Европа на земјите-членки), ја води германскиот министер за Европа Михаел Рот.

„Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на годинава одлучивме да ги започнеме преговорите со двете земји. Основен интерес на ЕУ е во најбрз можен рок да започнат преговорите со Меѓувладина конференција“, порача утрово Рот пред почетокот на виртуелниот состанок на министрите.

„Се надевам дека сите земји членки ќе се согласат со оваа цел и ќе бидат подготвени прагматично и солидарно да работат за нејзино остварување. Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји-членки“, порача германскиот министер, алудирајќи на бугарската блокада на процесот, јавува Дојче Веле.

Поврзани новости