Кабинетот на Пендаровски: Изјавите на Реџепи се несериозни и недолични!

by fokus

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ја демантираат изјавата на поранешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, според која
тој му помогнал на Пендаровски да биде избран за претседател.

-Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во целост ја демантира изјавата на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи искажана во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Претседателот Стево Пендаровски, ниту пред, ниту непосредно по изборите, имал било каква директна или индиректна комуникација со тогашниот поглавар на ИВЗ, од што јасно произлегува дека наводите искажани од страна на Реџепи се целосно измислени.

Претседателот Пендаровски е избран на легитимен и легален начин, на фер и демократски избори, што е потврдено во сите извештаи на ОБСЕ/ОДИХР.

Сметаме дека ваквите изјави од страна на Сулејман Реџепи се крајно несериозни и недолични, имајќи ја предвид неговата поранешна улога во исламската верска заедница, пишува во соопштението.

Поврзани новости