Германија испитува можно труење на две прогонети Русинки, едната е новинарка

by Fokus

Германската полиција го истражува можното труење на две прогонети Русинки, кои присуствуваа на конференција во Берлин организирана од критичар на Кремљ на крајот на април, пишува Sky News.

Локалните медиуми јавуваат дека една од нив била новинарка и дека нејзините симптоми се појавиле пред конференцијата на 29 и 30 април. Таа отиде во болницата Шарит во Берлин.

Другата жена, Наталија Арно, е директорка на невладината организација „Фондација Слободна Русија“. Арно на Фејсбук напиша дека ја нашла вратата од хотелската соба отворена, додавајќи: „Се разбудив во 5 часот наутро чувствувајќи остра болка и чудни симптоми“.

Поврзани новости