499
Mакедонските служби да ги испитаат овие сериозни обвинувања во фер и транспарента постапка и во согласност со меѓународните стандарди, во кои значајна е пресумпцијата на невиност, па независноста на судството и на органите на прогонот сега ќе бидат од најголема важност.
Ова го порачаа од германското Сојузно министерство за надворешни работи по најновите случувања на внатрешен план во Македонија.
„Сојузната влада е многу загрижена за кривичното гонење на македонскиот лидер на опозицијата и на уште три други лица поради наводен обид за државен удар. Функционирањето на демократската опозиција со ова е ставена под прашање“, истакнаа од таму.